Вести Македонија Најважни

Здравствениот инспекторат на болницата во Бардовци и нареди да обезбеди лична сигурност на пациентите

Државниот санитарен и здравствен инспекторат по извршениот вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Психијатриска болница –Скопје, а во врска со добиена информација преку медиумите за појава на физичко насилство меѓу пациентите, констатирал дека на судското одделение на ден 20.05.2023 во ноќните часови се случилa тепачка меѓу четворица пациенти кои се сместени во тоа одделение.

Со оглед на тоа што се работи за институционален проблем за чие решавење се надлежни повеќе субјекти, здравстевната установа се има обратено со писмено барање до Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност за обезбедување 24 часовно полициско чување на одделот во текот на 30 дена за да биде воспоставен ред и да бидат спречени натамошни несакани случувања.

Писмено барање е доставено и до Министерството за правда во кое се укажува од потребата затворската полиција освен затворите и воспитно – поправните установи да ги обезбедува и психијатриските установи во кои се спроведува мерката безбедност на осудени лица за кои е задолжително психијатриско лекување и чување во здравствени установи.

Побарано е одржување итен состанок и со претставници од Основното јавно обвинителство, Основниот кривичен суд за извршување на санкции, Министерството за здравство и Министерството за правда со цел обезбедување доволно ресурси за заштита на пациентите сместени во судското одделение при ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје.

Согласно Законот за заштита на правата на пациентите од страна на Државниот санитарен и здравствени инспекторат издадено е решение со кое на здравствената установа и се наредува да обезбеди лична сигурност на пациентите за време на нивниот престој во здравствената установа.

Инспектори влегоа во Психијатриската болница „Бардовци“ по објавување на вознемирувачки видеа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред нас е милионски долг за враќање, ќе се искористи ли новата милијарда која се најави за  раздолжување?

Дејан Дејан

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе