Вести Македонија Најважни

Беќаровски: Прво требаше да бидат сменети организационите директори, тие се измислени

Доктор Нико Беќаровски, на социјалните мрежи го сподели својот став околу скандалот што деновиве ја тресе клиниката за кардиохирурхија.

Според него прво требало да бидат разрешени организационите директори на Клиниките бидејќи како што вели тие беа “измислени” во септември 2007 година, од тогашниот Министер Имер Селмани и тогашниот премиер Никола Груевски, за да ги водат сите технички работи во Клиниките и со својот врзан потпис да спречат било какви финансиски малверзации на стручните директори, а во пракса се сведе на вдомување на репрезентативните партиски лепачи на плакати.

– Пропустите на Универзитетската Клиникачка Кардиохирургија, барем тие кои јавно ги слушнавме се исклучиво организациони и финансиски и повеќе од нормално е прво да биде разрешен Организациониот директор, а дури потоа Стручниот директор проф. д-р. Сашко Јовев.

Затоа уште еден апел, веднаш интегрирајте го клинички центар во еден правен субјект, поставете два директори (стручен и финансиски), а на сите 32 организациони единици (Клиники и Институти) дозволете им сами да одберат Стручни Раководители од редот на професорскиот кадар кој го имаат, а за приемот на нов персонал да одлучува исклучиво стручниот колегиум на секоја клиника.

Само така Клиничкиот центар може да има стручно-научен прогрес, а пациентите врвна здравствена заштита. Се друго е импровизација, пишува Беќаровски.

Советничко место во кабинет е понудата на Меџити за Јовев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе