Вести Македонија Топ вести

Советничко место во кабинет е понудата на Меџити за Јовев

Не е добар за директор но е добар за советник. Министерот Меџити го кани сега веќе екс директорот на државната Кардиохиуругија во својот Кабинет. Јовев ќе одлучи откако ќе има средба со министерот. Причините за разрешувањето се административни а утврдени во надзор. Јовев вели дека нема злоупотреби и дека неговиот персонал работи многу повеќе отколку што е платен. Македонското лекарско дружтво бара да се повлече решението за разрешување.

Докторот Сашко Јовев е разрешен од директорската функција на клиниката за Кардиохирургија поради административни пропусти во работењето поврзани со евиденцијата на работното време на вработените и списоците за дежурства на персоналот а не поради суета, соопшти денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Сепак иако не е добар за директор, докторот Јовев е добар за советник па министерот Меџити преку медиумите го покани во неговиот кабинет и најави дека ќе го зголеми буџетот на програмата за трансплантација.

Јовев вели дека му претставува чест и задоволство понудата за советник но таа треба лично да ја добие и да разговараат очи во очи со министерто Меџити.

Надзорот на Комисијата испратена од министертвото утврдил дека Клиниката за кардиохирургија не доставила финансиски извештаи за минатата година и не побарала согласност за дежурства за целата 2022 година и првите три месеци од оваа година како што предвидува законот и немала електроска евиденција за присуство на медицискиот персонал на работното место и работното време.

Според Јовев, имало дефект во системот за евиденција но додава дека неговиот персонал работи многу повеќе поради природата на професијата од тоа што е предвидено. За наводите околу дежурствата тој тврди дека е побарана согласност и дека ја чекале со месеци а императив се пациентите и поради тоа работеле.

Министерот Меџити изјави дека се испитува и одговорноста на организацинотот директо на Кардиохирургија  Фетаи и дека наскоро ќе се утврди дали имало пропусти во неговото работење.
Со поддршка за Јовев се јавија од македонското леркарско дружтво од каде причините за разрешување ги оценија како небулозно.

Околу именувањето на нов директор на Кардиохиругија Меџити соопшти дека ќе се бира од редот на вработените во Клиниката кои веќе доставија петиција до министерот во која бараат да се повлече решението за негово разрешување.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе