Вести Македонија Најважни

Поројниот дожд ги претвори улиците во Прилеп, Охрид, Кавадарци и Росоман вo реки кои носеа секаков отпад

Силното невреме проследено со пороен дожд и грмотевици, што синоќа го зафати Прилеп, предизвика излевање на водите од речните корита и каналите, а најпогодена е населбата Тризла.

Прилепските јавни претпријатија заедно со 5 екипи од ТППЕ, односно десетина пожарникари, од синоќа се на терен, испумпуваат вода од подрумските простории на неколку куќи во пониските делови од градот а се расчистуваат и улиците од талогот што го носеше поројниот дожд, излеаната вода од Дабничка река и нејзиниот канал.

Исто така има и неколку пријави од штети предизвикани од струен удар.

Во Прилеп за 24 часа наврнаа 21 литар на метар квадратен, а за само два часа 16 литри.

Од локалната самоуправа велат дека мрежат  нема капацитет да ја прими оваа количина на вода

Имаше излевање на реката од речното корито во Прилеп, ако е помала количина на дожд атмосферската канализација и речното корито ќе може да ја прими таа вода. Но природата си го направи своето, па најмногу штети има во населбата Тризла. Од синоќа и рано утрово се отпочна со чистење, се средува тоа населено место и мислам дека за ден два ќе се врати во нормала, рече Игор Гулабоски, директор на ЈП Водовод и Канализација

Невреме го зафати и југоисточниот дел на Охрид во реонот  на селата Трпејца и Љубаништа каде дојде  до излевање на вода, земја, песок и чакал на регионалниот пат Охрид-Свети Наум што предизвика неколкучасовен целосен  прекин на сообраќајот, а од ЦУК информираат дека патот е веќе прооден.

Поројните дождови направија штети  и во Росоман каде се поплавени неколку подрумски простории, а десетина поплавени куќи има и во  Кадвадарци, каде како што информира  градоначалникот Јанчев веќе се работи на нивна санација.

Од Центарот за управување со кризи велат дека уште пред петнаесетина дена предупредија дека следи нестабилно време со поројни дождови.

Но, не само природата, туку за ваквата состојба тврдат вината е и во неодржуваната мрежа.

Генерално причини за ваквите појави се во тоа што во некои општини воопшто не постои атмосфера канализација, а онаму каде што ја има е недоволно. Воедно и фекалната канализација не е во најдобра кондиција, поради што доаѓа до излевање на улиците и на атмосферската вода но и на фекалната канализација. Една од причините е и неодржување на малите канали кои минуваат низ локалните средини. Ние апелиравне и до локалните власти и до самите граѓани да ги одржуваат во добра кондиција, вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК

Изминатото  деноноќие најмногу дожд наврна во Прилеп, Струмица и Крушево, а метеоролозите предупредуваат дека и во следните денови не очекува нестабилно време со локален пороен дожд и врнежи.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Започна хиперхлорирање на водводот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Маѓар најави истрага за заемот од 1 милијарда евра од „Ексимбанка“ за Македонија

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе