Вести Македонија Најважни

Тешка сообраќајна несреќа со повеќе жртви – Меѓу загинатите и 15 годишно девојче

Три лица загинаа, а четворица други се повредени во сообраќајна несреќа која што се случила попладнево на автопатот Штип-Миладиновци недалеку од местото викано Криви Дол.

Во судир меѓу две возила на лице место загинаа 15 годишно девојче, 37 и 62-годишна жена. Двајца од повредените се однесени во Клиничката болница во Штип и се надвор од животна опасност.

Најтешкоповредениот со скршени ребра е пренесен на скопскиот Клинички центар и е надвор од животна опасност изјави за Телма директорот на торакална хирургија, Јакупи Неџати.

Меѓу повредените е и 12 годишно момче.

Се уште е непознато што била причибната за несреќата. Увидот на полицијата заврши и треба да покаже што се случило кобното попладне на автопатската делница.

Според информациите сите од жртвите се превезувале во исто возило и се роднински поврзани. Биле во автомобил марка „Шевролет калос“ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале уште двајца патници за кои се уште нема информации во каква здравствена состојба се.

Автомобилот се судрил со „Лендкрузер“ со кочански регистарски таблички со кој управувало лице на возраст од 29 години. И тој и неговиот 34 годишен сопатник се повредени.

Калосот го управувал 45 годишен маж.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Започна хиперхлорирање на водводот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Маѓар најави истрага за заемот од 1 милијарда евра од „Ексимбанка“ за Македонија

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе