Вести Најважни Свет

Три жртви во новите руски напади на Киев

Руските сили го започнаа јуни со ново воздушно бомбардирање на Киев, при што загинаа најмалку три лица, а уште неколку беа повредени, соопштија властите.

По пријавените 17 напади врз главниот град на Украина во мај, главно со помош на беспилотни летала, руските сили го погодија Киев пред зори со проектили од земја, оштетувајќи станбени згради, една клиника, и други цивилни цели.

Градската управа на Киев соопшти дека загинале три лица, меѓу кои две деца, а 10 други лица се ранети.

Властите во Киев ги повикаа жителите да внимаваат на предупредувачките сирени и да останат во засолништа или други безбедни локации.

Првичните информации се дека киевската противвоздушна одбрана ги пресретнала сите проектили утринава, како и дека смртни случаи и повреди биле предизвикани од паѓање на остатоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе