Вести Македонија Најважни

За судскиот совет неосновани се критиките на холандскиот амбасадор дека се нелегитимно тело

Судски совет контра холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп. Работеле законски и неосновни ги нарекоа неговите тврдења дека советот стана нелегитимно тело.

Ги повикаа надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција

„Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет. Ова е заклучено на денешниот работен колегиум на кој се отфрлени како неосновани тврдењата на Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп дека новиот претседател на СС е избран во нелигитимна процедура и затоа се става во мирување 4 годишниот проект финансиран од оваа земја. Членовите потенцираат дека првиот човек на СС е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во Законот за ССРСМ“ – соопшти Судскиот совет.

Амбасадорот на Холандија во интервјуто испрати директни и јасни критики дека има видливи знаци на политичко влијание кај изборот на Обвинителството за организиран криминал, во изборот на кандидати во Академијата на судии и јавни обвинители,  но и политичко влијание практично во сите судови. Забележува и дека предметите на СЈО тонат а состојбата со корупцијата се влошува. Тој обзнани и дека Холандија ставила во мирување еден голем проект поврзан со Судскиот совет.

Проектот МАТРА е  поддржан од Холандија и насочен кон Зајакнување на ефикасноста, транспарентноста, отчетноста и регионална соработка на Судскиот Совет.

Почна во 2020 и трае 4 години. И на веб страната на судксиот совет може да се види дека членовите имале повеќе конференции и работилници во рамки на овој проект кој се наога во третата година од реализацијата.

И токму во време кога треба да се видат позитивни резултати од наученото во насока на подобрување на транспарентноста и отчетноста- во судскиот совет  се случуваат неколку седници кои ја кренаа на нозе стручната фела и невладините.

Ова било сериозно и болно за гледање и за амбасадорот Коп. Покрај бројните неправилности лоцирани на седницата на која Јанева беше разрешена пред очите нај јавноста следуваа затворени седници на кои претходничката на Георгиев беше по втор пат беше разрешена а јавноста беше исклучена  без да се почитува законската процедура.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе