Вести Македонија Најважни

Холандија не сака повеќе да троши пари на Судски совет, гледаат корупција на секаде, а борбата не дава резулати

Превирањата за превласт во највисокото судско тело ја принудило холандската амбасада привремено да состави во мирување голем проект за унапредување на работата на Судски совет. Освен вчудовидувањета за ова како што вели „нелегитимно тело“, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, со емотивна изјава. „Болно е за гледање“ како наместо напредок, корупцијата зема замав во судската власт. „Ништо од напредокот“, е оценката на Коп во неделното интервју дадено за Радио Слободна Европа.

Скандалот Судски совет есклаираше минатиот месец кога потпретседателот на Советот Селим Адеми ја разреши претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, иако немаше таква точка на таа седница. Тој прво побара таа сама да даде оставка, а откако таа одби, тој со помош на останатите членови на Советот ја разреши. Коп, оттука започна да набројува, а таксативно на црниот список пропусти ги спомена и случаите против виоскопрофилирани политичари кои што лека – полека заминуваат во заборав.

Коп, не заборави да потести дека токму заради заложбите на Македонија во борбата против коурпцијата, Холандија ѝ ја дала поддршка на патот на интеграцијата на земјата во ЕУ. Таму, нѐ чекаат, и таму сакат да нѐ видат, но настоичив е Коп дека поглавјето правосудство го отвораме прво, а затвораме последно. На нас е како е ќе се избориме со корупцијата во земјата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Водата во Крушево не е бактериолошка исправна – Центарот за јавно здравје Прилеп препорачува да не се користи за пиење

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе