Вести Најважни Свет

Ердоган и Киричдароглу точно на пладне го остварија своето гласачко право

Турција бира кој ќе ја води во следните неколку години. Граѓаните од рано утрово излегуваат на гласачките места за да ја дадат поддршката за еден од двајцата кандидати.

Гласачките места беа отворени рано утринава во 8 часот по локално време, а точно на пладне своето право на глас го искористија и двајцата претседателски кандидати Реџеп Таип Ердоган и Кемал Киричдароглу.

– Во историјата на турската демократија прв пат одиме на втор круг на гласање. Првиот круг беше на 14 ти Мај вториот на 28 ми. Како што знаете сега немаме партии туку само двајца кандидати и нашиот народ ќе ги даде гласовите за овие двајца кандидати. Се надевам дека гласањето ќе заврши мирно но во турската демократија за гласањето на претседател немало до сега толку голема излезност но и во целиот свет. На толку голема излезност Турција одговори со демократија и се надеваме дека така ќе биде и денеска и ги замолувам граѓаните до последен да излезат на гласање, порача Ердоган откако за заврши својата граѓанска обврска на гласачкото место во Истанбул.

Во исто време во Анкара гласаше неговиот против кандидат, Кемал Киричдароглу и тој ги повика граѓаните да излезат на гласање велејќи дека до денот на гласање имале многу притисоци но верува дека демократијата ќе победи и граѓаните ќе можат да живеат во слобода.

Чувајте ги гласачките кутии безбедни, бидејќи овие избори се многу тешки. Ви благодарам на сите што излеговте да гласате, благодарам на целиот мој народ. Од моето срце ги испраќам моите најдобри желби, поздрави и честитки, изјави Киличдароглу по гласањето.

Бидејќи буквално во исто време беше гласањето на двајцата кандидати државната телевизоја ТРТ и државната новинска агенција Анадолу го пренесуваа само Еедоган додека проопзиционите само изјавата на Киричдароглу.

Граѓаните поделени околу тоа кој треба да ја добие поддршката за следен мандат, дел од нив велат дека Ердоган е патриот и дека нема да дозволи земјата да биде поделена, за другите пак неопходни се промени за земјата да продолжи по патот на демократијата, а не по вољата на еден човек.

Телма е во Турција, од каде во живо ги следиме и пренесуваме најновите информации од изборите во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе