Средношколците кои годинава го завршуваат средното образование денеска го полагаат првиот испит од јунската сесија на државната матура.
За полагање во првиот испитен рок според податоците на Државниот испитен центар се пријавиле 15.620 матуранти. Од нив од кои 6.750 се од гимназиско образование, 8.598 од средно стручно образование и 272 од средно уметничко образование.
Полагањето на вториот екстерен испит од матурата е закажан за 10 јуни. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети.
Најмногу пријавени – 13.922 – има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1.397 ученици, Француски јазик ќе полагаат 29 матуранти, Германски јазик – 122 ученици, за полагање на Руски јазик се пријавиле 17 средношколци, Естетика ќе полагаат 81 ученик, а Филозофија избрале седум матуранти.
Годинава одржувањето на државна матура во предвидениот рок беше ставено под знак прашање бидејќи вработените во ДИЦ штграјкуваа незадоволни од примањата со барање за нивно покачување.
Бараа услогласување со минималецот, но порачаа дека средбите со владините претставници по однос на ова прашање не вродиле со плод.
МОН пак претходно најави дека државната матура ќе се спроведе во закажаните термини, а за да се реализира тоа рекоа дека доколку е потребно ќе ангазираат вработени во ресорното министерство.
