Вести Македонија Најважни

(Видео) Сестрата на убиената Фатмата кај Гевгелија тврди: Полицијата лаже за нападот меѓу возачот и полицаецот

Сестрата на убиената 23-годишна мигрантка од Сиера Леоне, Фатмата, фрла поинаква светлина врз настаните кои се случувале на 19 април во близина на Гевгелија, каде загина откако полициски службеник испукал куршум од службениот пиштол.

Полициската верзија на настаните е спротивна на она кое го тврди семејството, водејќи се од сведоштва на останатите присутни мигранти, меѓу кои бил и Абу Бакар, сопругот на девојката.

Сестрата на Фатмата, во видео обраќање до македонската јавност кое го испрати до редакцијата на „Слободен печат“, повикува граѓаните да им се приклучат во барањето на правдата и прашува зошто полицаец пукал во невооружена девојка, тврдејќи дека немало никаков физички напад врз полицаецот.

Приказна за Фатмата, застрелана од полицијата при инцидент со криумчари на мигранти кај Гевгелија, а сопругот се уште не го видел нејзиното тело и вели дека била бремена

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Отворил боледување, а одмора во странство – со анонимни пријави ќе се воведува крај на лажните отсуства од работа

Kristina Kuzmanovski

Над 20 случаи во Грција со вирусот Западен Нил

Kristina Kuzmanovski

Без дозвола зел возило на „Црвен Крст“, каде што волонтирал и удрил во повеќе паркирани возила

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе