Вести Македонија Најважни

Меџити: Од јануари еден клинички центар со еден генерален директор

Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува од јануари наредната година да функционира еден клинички центар, најверојатно со еден генерален директор, со што би се укинале организациските директори на одделните клиники.

  • Од првиот ден работам напорно за овој проблем и тој проблем ми е најгорливата мака што сакам да го решам како кабинет, како Министерство да го решиме, еднаш засекогаш да се постават работите како што треба на Клинички и да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно да биде. Информацијата е готова, во договор со ФЗОМ, значи почетокот на годината после Новата годна и сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува, значи од 1 јануари 2024 да почне да функционира еден клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа ќе се договориме, одговори министерот Меџити.

Тој истакна дека целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно.

На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се укинат организациските, или познати и како економски директори, тој одговори потврдно.

Министерот смета дека тогаш ќе се набавуваат работите количествено и со поевтина цена и ќе има подобра соработка меѓу клиниките.

Ако се стремиме на тој пат, да одиме кон Европската Унија, како што посочи Меџити, немаме друг пат, „мора ова да се направи еднаш засекогаш здравството да функционира како што треба“.

Меџити се осврна и на проблемот со паркинзите.

  • Нема подземна катна гаража, тоа ќе биде. Не дека сум министер по инфраструктура, но, мора тоа да се реши. Тоа е ликот на нашата држава и како нас, како луѓе. Тоа е срамота што се случува во Клинички центар, подвлече министерот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Очекуваме чиста вода за пиење во Гостивар до крајот на следната недела

Kristina Kuzmanovski

Мртов работник на Комуналец во воден канал, протести, сомнителни резултати – ќе има ли истрага

Sonja Petrusevska

Унгарската компанија Икарус избрана и на новиот повиок за набавка на 150 автобуси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе