Вести Македонија Најважни

Загуба на питка вода од 60% и 3 милиони евра долг кон државата – „Водовод и канализација“ со огромни трошоци и за адвокати и нотари

Загуба на питка вода од 60% и 3 милиони евра долг кон државата. Низа забалешки нотираат државните ревизори во последниот извештај за Водовод и канализација. Од близу 300 илјади корисници, 30 отсто немаат потпишано договор со јавното претпријатие. Ова води кон проблем со наплата на потрошената вода, забележува ДЗР и сугерира преиспитување на тарифата со цел реално утврдување на нејзината вредност.

„Водовод и канализација нема склучено договори со 89.634 корисници што може да предизвика отежната наплата на извршените услуги и да претставува тешкотија за непречено остварување на правата и обврските на давателите и на корисниците на услугите. Најголемиот дел од корисниците со кои не е склучен договор, 97% се од категорија домаќинство, додека 3% се од категорија стопанство.“, се вели во ревизорскиот извештај на ДЗР. 

Од една страна слаба наплата, од друга огромни трошоци. За четири години, водовод и канализација потрошило 8 милиони евра за адвокати, нотари и за изврштели.  Во истиот овој период, претпријатието платило 380. ооо евра за судски трошоци.

ДЗР констаира и нерегулирани права на сопственост на земјиште и на дел од градежните објекти, финсиските извештаи ги оценува како необјективни и нереални, бидејќи не се усогласени со новата законска регулатива. Ревизорите нотираат и слабостри во тендерите, нееднаков треман на економските оператори, а нецелосно бил спроведен и годишниот попис.

Ревизорите ставаат акцент и на кадровските промени во јавното претпријатие, констатираат дека последните три решенија за в.д. директор, биле донесени без да се објави јавен оглас.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе