Вести Култура

Агенцијата за филм поднесе кривична пријава против „Банана филм“ на Милчо Манчевски, а од продукцијата демантираат незаконско работење

Продукцијата „Банана филм“, на режисерот Милчо Манчевски заработи кривична пријава од Агенцијата за филм. Како што брифираат од Агенцијата, кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство, а се темели на пристигнати документи од извршена инспекција во Министерството за култура, кои се однесуваат на недоследности при вршење исплати со буџетски средства и поради недостаток на финансиски извештај. Предистрага започна и Финансиската полиција поради сомнеж за незаконско работење, велат од Агенцијата за филм.

За филмот „Мајки“, финалниот извештај за потрошени 55 милиони денари и други средства, не е доставен и покрај барањата од Филмскиот фонд во тоа време и поради склучен договор за финансирање, пред да се донесе одлука за тоа. За филмот „Врба“, се следи текот на повисока сума пари во странство зашто постои сомнеж дека се земени преку друга фирма во сопственост на Манчевски, која работела на развој на проектот, а кога филмот веќе бил завршен Манчевски потпишал договор преку таа странска фирма за развој на проектот, тврди агенцијата за филм.

Додека не се реши случајот со кривичната пријава и додека не се изјасни Финансиската полиција , Агенцијата за филм времено ја прекина доисплатата на пари за завршениот филм на Манчевски „Кајмак“, а за неговиот најнов филм „Биста“, за кој се доделени 28 милиони денари, нема да биде потпишан преддоговорот.

Од Финансиката полиција не откриваат детали за предистрагата. Велат, ќе ја разгледаат документација и ќе достават соодветни поднесоци до надлежното Обвинителство. А, од ОЈО потврдуваат дека пристигнала кривичната пријава и дека ќе биде распоредена кај јавен обвинител кој ќе изврши проверки.

Агенцијата за филм лаже, велат од „Банана филм“ за Телма. Според нив, во извештајот на инспекцијата на Министерството за култура од 4 април годинава, стоело дека не е утврдено ненаменско или спротивно на договорот, користење на средства добиени од Агенцијата за филм, од причина што корисникот на средствата се придржувал кон финансискиот и оперативен план.

Значи, инспекцијата јасно вели дека нема неправилности и ја запрела постапката што ја побара Агенција за филм. Филмовите на „Банана филм“ поминуваат со позитивни оценки низ домашни и странски ревизии и низ инспекцијата на министерството.Групата која незаконски владее со Агенцијата за филм ја пласира оваа лага за да се одвлече вниманието од катастрофалните извештаи за нивната работа, реагираат од продукцијата.

Правниот тим на „Банана филм“ подготвува тужби и кривични пријави за кршење на законот по повеќе основи, за попречување на професионална работа, за замолчување укажувач на корупција и за клевета.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе