Вести Македонија Најважни

Законот за 60-часовна работна недела во финале

Финален ден за Законот за работни односи и можноста да се работи и 60 часа неделно, ако е тоа за проекти од стратешки интерес за државата. Законот треба да се изгласа до крајот на денешниот ден откако помина два дена во Комисијата за европски прашања без усвојување амандмани, и откако изутринава доби виза од Законодавно-правната комисија. Главниот судир меѓу власта и опозицијата останува грижата за работниците: дали ќе бидат оштетени со можноста за прекувремена работа или самите ќе се согласат заради дополнителниот надомест.

Доброволна или задолжителна прекувремена работа, 40 плус 20 или 60 часовна работна недела. Ова беа дел од прашањата по кои власта и опозицијата не се усогласија ниту во комисиската ниту во пленарната сала. Власта потсетува дека и до сега повеќечасовното работно време било овозможено со согласност на работникот и регулирано со 43 алинеи, а сега само се додава 44-та. Опозицијата стравува од злоупотреба, од принудно работење и од долга работна недела која може да трае 60 или дури 72 часа.

Законот предизвика бурни реакции во јавноста и не доби поддршка од синдикатите. Предлогот на група пратеници беше блокиран со илјадници амандмани, па Владата достави речиси идентичен предлог со европско знаменце, кој ја ограничи собраниската процедура на два дена во комисија и еден на пленарна седница.

Соња Николовска

Започна расправата за законот за урбанистичко планирање

Паралелно со претресот на законот за работни односи во главната сала, во една од помалите сали на Собранието, Комисијата за европски прашања ја почна дво-дневната расправа за законот за урбанистичко планирање.

Тоа е вториот од групата од пет закони кои добија европско знаменце, за да бидат побрзо донесени, и да ја озаконат договорената изградба на коридорите осум и десет д со компанијата „Бехтел и енка“.

Владата тврди дека овој закон ќе овозможи поголема флексибилност при реализацијата на стратешките градби, а опозицијата забележува дека општините и нивните детални урбанистички планови ќе бидат игнорирани.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе