Вести Свет Топ вести

Киличдароглу води во големите урбани центри и на истокот, Ердоган доминира во централниот и северниот дел на Турција

Турските граѓани ги чека втор круг на гласање на претседателските избори на 28 мај и директниот судир меѓу долгогодишниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган и опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу.

Според податоци на агенцијата Анадолија, по пребројани 99,38 отсто на гласачките ливчиња, во водство е Ердоган со 49,36 отсто гласови, пред Киличдароглу со 44,99 отсто, додека кандидатот Синан Оган доби 5,21 отсто гласови.

Киличдароглу има предност во сите големи урбани центри, водејќи во Истанбул со 48,55 отсто, во Анкара – 47,31 отсто, во Измир – 63,29 отсто, во Анталија – 53,13 отсто и во Адана – 50,89 отсто.

Ердоган, пак, води во Бурса – 51,47 отсто и во Коња со 68,94 отсто.

Киличдароглу однесе убедлива победа на крајниот исток на земјата, каде главно се населени Курди. Ердоган, пак, беше доминантен во централниот дел на земјата и во северниот и во места како Јозгат освои дури 72,7 отсто гласови и во Бајбурт – 78,86 отсто поддршка на бирачите.

Киличдароглу забележа најубедлива победа во градот Тунчели, каде освои 80,26 отсто гласови.

Вториот круг на претседателските избори ќе се одржат на 28 мај и се олекува да одлучат гласовите на третиот кандидат Синан Оган. Неговите гласачи се претежно десничарска политичка ориентација и на Киличдароглу му забележуваат за премногу попустливиот однос кон курдските бунтовници на истокот, што според аналитичарите е само еден од показателите дека Ердоган го очекува извесна победа во вториот круг.

Турската лира паѓа по водството на Ердоган

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе