Вести Македонија Најважни

Прослава за Денот во Европа во Гази Баба

Во паркот Гази Баба во Скопје денеска се одржува прослава по повод Денот на Европа во организација на Јуроп хаус (Europe house) Скопје.

Како што соопштуваат оттаму, денот ќе биде исполнет со разни музички настани, спортски и едукативни активности, како и изложби и активности за најмладите.

Во музичката програма свој настап ќе имаат Влатко Стефановски Трио, Këpurdhat, Црно Собрание, Новиот Почеток, Џез трио Зулу 3.4, Антони Весковски, Искра и диџеј Double G.

Од Јуроп хаус додаваат дека настанот има цел да собере луѓе од различни профили и да ги прикаже вредностите на европската идеја дека „иднината нè поврзува!“, а на настанот ќе биде присутен и амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе