Вести Македонија Најважни

Скандалите во Судски совет не запираат- прекршија закони, новиот претседател се колнеше во Бога, се караа до бесвест- сега забранија снимање, камерите им пречеле да се концентрираат

Што ќе зборуваат членовите на Судски совет повеќе не смее да се снима со камера. Новинарите да прераскажуваат што слушнале, а снимателите да прават снимки само две-три минути на почетокот на седницата. Судскиот совет на чело со новиот претседател Сашко Горгиев им скрои нови правила на медиумите за известување од седниците. Забраната за снимање доаѓа по тензичната седница за итно разрешување на Дамева која експертите ја нарекоа скандалозна и незаконска, а јавноста ја виде преку видео снимките на медиумите.

Зошто наеднаш камерите станаа проблем за концентрацијата на членовите во Судски совет не даде никој објаснување, особено што просторните услови се исти повеќе од една деценија. Новите правила членовите на Судски совет ги договориле на колегиум, но на седницата членовите не сакаа многу да образложуваат. Горгиев инсистираше да се произнесат со тврдење дека на колегиум говорат, а на седница молчат. По ова, дел од неговите колеги дадоа некакво објаснување, но и предлози државната агенција да ги снима седниците и да ги споделува со другите медиуми.

Потоа отидоа на пауза која се претвори во колегиум од кој се вратија со истиот став.

Георгиев веднаш по изборот најавуваше отвореност и транспарентност, а првата одлука што ја соопшти на првата седница беше токму забраната за снимање.

Пред девет години, по слично сценарио, со речиси идентични причини, уставниот суд предводен од Елена Гошева забрани снимање на седниците.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе