Вести Македонија Најважни

Арсова во „Топ тема“: Врсничкото насилство е причина број еден за самоубиства кај млади лица

Врсничкото насилство е многу сериозна тема, не е нешто ново. Тоа е нешто кое постои, но се интензивира, не само кај нас, туку и во светот во последните децении и за жал врсничкото насилство е причина број еден за самоубиство, односно смртност кај млади лица, изјави Славица Арсова, психијатар и професорка на Катедрата за психијатрија при Медицинскиот факултет во Скопје, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Причина број еден кај младите луѓе е токму самоубиството. Самоубиствата како такви, во период на адолесценција, имаат сериозна врска со долготрајно трпење на врсничко насилство. И сметам дека многу треба да се зборува на оваа тема, затоа што, како прво, не го препознаваме. Голем дел и од наставниците не го препознаваат, за жал. Не препознаваат што е тоа насилство и колку и какво влијание има тоа врз менталното здравје. Во нашата популација, генерално не се препознава насилството, не само на ниво на врсници, туку и на ниво на семејно насилство. Најчести жртви се токму деца, жени и стари лица“, вели Арсова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Петнаесетина минути чекање на ГП „Богородица“ за излез од државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе