Вести Македонија Најважни

Македонија со над 180.000 парчиња регистрирано огнено оружје и проценки за преку 450.000 парчиња нелегално

Македонија од 2018 година има 180.000 парчиња регистрирано огнено оружје, но проценките се дека во земјава има 451.000 парчиња нелегално огнено оружје.

Сопственоста и поседувањето на оружје, пак, значително се разликува низ целиот свет. Повеќе од 175 земји во светот им дозволуваат на своите граѓани да поседуваат огнено оружје, иако повеќето имаат специфични прописи за сопственост, како што е забраната на одредени видови.

Мексико, Гватемала и САД отидоа чекор понатаму и го направија поседувањето на оружје уставно право. Од друга страна, цивилната сопственост на огнено оружје е целосно забранета во Северна Кореја и Еритреја.

Најновите анкетни податоци ја креираа листата на топ 10 земји со најголем број на оружје во сопственост на цивили. Според нив, на прво место се САД со 120,5 парчиња на 100 жители. На второ место се Фолкландските Острови со 62,1, а на третата позиција е Јемен со 58,2 парчиња на 100 жители. Натаму следуваат Нова Каледонија со 42,5, Србија со 39,1, Црна Гора со ист број како и Србија, Уругвај со 34,7 исто како и Канада која се најде на осмото место. Деветти е Кипар со 34 и Финска со 32,4 парчиња на 100 жители.

Меѓу земјите со најрестриктивните закони за огнено оружје се Кина, Индија, Јапонија, Сингапур и Виетнам. Тајван и Индонезија имаат најниски можни стапки на поседување на оружје, со нула цивилно огнено оружје на 100 луѓе. Оружјето, сепак, не е забрането во ниту една од овие земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Блупринт групата бара темелна истрага за загадувањето на водата

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски: Од опозицијата зависи дали ќе има нови обиди за носење на Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе