Вести Македонија Топ вести

Тасева во „Топ тема“: „Бехтел&Енка“ важи за една од најнетранспарентните компании во светот, нивните договори секогаш завршуваат со 40 отсто повеќе од договореното

Прашање е што ставаме во залог за ова, значи што преговарале и што договориле покрај тој автопат, рече Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“ во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма, во врска со предложените измени на девет законски решенија што се поврзани со автопатите од коридорите 8 и 10Д, чија изградба е доверена на американско-турскиот конзорциум „Бехтел&Енка“.

„Кога читав, подготвувајќи се емисијава, најдов многу податоци за тоа дека „Бехтел&Енка“, како компанија, важи за една од најнетранспарентните во светски рамки. Работат насекаде низ светот, на големи комерцијални договори, меѓутоа важат за една од најнетранспарентните компании кјои апсолутно инсистираат на тајност на нивните договори. И уште еден податок кој вели дека секогаш нивните проекти завршуваат со 40 проценти повеќе од договорената сума“, истакна Тасева.

Според неа, таквите податоци треба да нè алармираат – зошто ние всушност сме се нафатиле на таков договор.

„Имаме примери со работењето на таа компанија и тука непосредно, и во Хрватска и во Косово и во Романија, каде што имало проблеми со транспарентноста, каде што имало проблеми со цената, каде што имало проблеми со договорот. И секаде останало тоа до крај да остане нетранспарентно, до крај контроверзно и до крај скапо за државите да плаќаат многу повеќе од тоа што е договорено“, потенцира Тасева.

Таа вели дека едно комерцијален договор и како ќе се одработи, што ќе се прави, што се е вклучено во тој договот, од проектирање, планирање, физибилити студија до изведување на сите активности. Меѓутоа, нагласи Тасева, во овој договор, покрај тој дел што е комерцијален, „ние гледаме и дел кој навлегува во нашиот уставен поредок“.

„Кој е тој што се договорил и што се согласил на еден таков договор кој што го урива нашиот уставен поредок, кој што е спротивен на нашиот Устав, кој што се обврзува дека ние ќе ги смениме по итна постапка некои суштински одредби, во некои суштински закони со кои што ќе се овозможи привилегирано постапување и на самите изведувачи и кон определени поединци. Значи тука имаме повеќе елементи и ние имаме апсолутна нетранспарентност од најповиканите, од владата која има обврска да ни каже зошто е ова така“, истакна Тасева.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе