Вести Македонија Најважни

Османи нема да се појави на денешното судско рочиште каде е тужен за клевета

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, нема да се појави на денешното рочиште каде што е тужен за клевета. Од МНР велат дека тужбата од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) е неоснована. Сметаат дека таа ќе биде отфрлена.

„Министерот Османи нема покана за суд; денес се одржува рочиште на кое се поканети адвокатите. Што се однесува до самата тужба, таа е целосно неоснована. Министерот никогаш не дал изјава што може да се смета за навреда, клевета или која предизвикува штета. Целта очигледно не е правна разврска, туку јавна дискредитација. Веруваме дека во објективна постапка судот ќе ги увиди фактите и соодветно ќе ја отфрли тужбата како неоснована“, велат од МНР.

Од Македонското движење поднесоа тужба против Османи бидејќи тој лани во октомври за бугарската телевизија БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград. Османи го посочи токму ова движење како еден од финансиерите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Рече дека се работи за фондација од Канада, која работи спротивно на интересите на државата и на интересите на македонските стратешки партнери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарија одобри американски авиони танкери на своја територија за операции на Блискиот Исток – Техеран веднаш ја предупреди Софија

Sasko Dimovski

Израел ќе прави обрач со канали за крокодили околу затворско крило со припадници на Хамас долги 170 метри

Sasko Dimovski

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе