Само еден ден откако се објави веста дека Ливерпул се повлекол од трката за ангажирање на Џуд Белингам, медиумите во Германија пишуваат дека клубот од Енфилд испратил понуда до Борусија Дортмунд за евентуално комплетирање на трансферот.
Детали за понудата се уште нема, но се чини дека Ливерпул се уште ја има водечката позиција во обидот да го ангажира младиот репрезентативец на Англија.
Борусија Дортмунд во моментов не отстапува од намерата да инкасира најмалку 120 милиони евра сума која во еден момент беше превисока и за мадридски Реал кој се споменува како втор кандидат за негово ангажирање.
Во претходниот период за Белингам интерес покажаа Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Тотенхем и Пари Сен Жермен, но според неофицијални информации сите се повлекоа од трката пред се поради висината на сумата која се бара за предвремен раскин на соработката.
ФОТО: Игор Паневски
