Вести Македонија Најважни

Тензии меѓу пратениците за 60-часовната работна недела

Тензии, караници, надвикување… Вака почна првата комисиска седница за еден од најспорните закони од пакетот што треба да обезбеди привилегии за „Бехтел и Енка“, при изградба на автопатите – измените на Законот за работни односи. Претседателот на комисијата за Труд и социјална политика, не сакаше да им дозволи процедурални забелешки на пратениците од опозицијата, на што тие бурно реагираа. Бараа и Елми Азири да се повлече, од причина што со оваа комисија секогаш претседава опозицијата, а Алијанса сега се дел од власта, но тој одби.

Расправата за измените, кои треба да обезбедат 60 часовно работно време, вклучително и работа во недела, без прецизирано право на надоместок за прекувремена работа, за опозицијата е беспредметна.

Пратениците бараа и увид во договорот, ако треба и со безбедносен сертификат, за да се види дали навистина премиерот и вицепремиерот се обврзале на плаќање пенали ако законите не бидат донесени.

Тричасовните процедурални забелешки денеска завршија без епилог. Пратениците од власта дофрлаа од место, но немаа можност да дискутираат, затоа што се` уште не е утврден ни дневниот ред.

Левица најавија блокада со 1.111 амандмани, додека по три поднесоа и од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Балковски од ВМРО Народна, кој иако е дел од владејачкото мнозинство, се противи на законите.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користење американско оружје

Дејан Дејан

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе