Вести Македонија Најважни

Телма дознава: Снемало мазут во ТЕЦ Неготино, па поради тоа била исклучена централата

Кога во петокот на полноќ беше исклучена ТЕЦ Неготино од мрежата и престана да произведува струја, беше соопштено дека причината е топлото време, скапата цена на производство во однос на берзанската и почеток на ремонтот. Но, според документ до кој дојде Телма, причината била затоа што немало редовна достава на мазут од страна на доставувачот РКМ. Во писмена комуникација меѓу врвот на ТЕЦ и ЕСМ до кои дојде Телма, во петокот претпладне стигнала наредбата од централата во Скопје да запре производството, кое првично било планирано да трае до крајот на април.

По телефонски разговор и на Ваше барање, повторно Ве информираме дека сме принудени да ја исклучиме АД ТЕЦ Неготино од систем поради неконтинуирана достава на мазут за работа на АД ТЕЦ Неготино. Исклучувачките операции ќе започнат вечерва во втора смена и ќе траат максимум до 24 часот, се вели во дописот на ТЕЦ Неготино до ЕСМ од петокот (07.04.2023) во 12:52 часот.

Согласно телефонскиот разговор со претпоставените, состојбата со резерви на мазут и планираните операции од Ваша страна за исклучување на електраната Ве информираме дека од сабота 08.04.2023.во периодот 00:30 до 01:00 може да се исклучи ТЕЦ Неготино, гласи одговорот на ЕСМ до ТЕЦ Неготино од петокот (07.04.2023) во 13:10 часот.  

Од ЕСМ не одговорија на нашите прашања зошто при договор за набавка на 190.000 тони мазут од РКМ, снемало мазут и прекинала испораката, 23 дена пред рокот планиран за гаснење на електраната. Ревизорскиот извештај за МЕПСО кој денеска е објавен открива и дека милиони евра биле исплаќани на ТЕЦ Неготино за електраната да биде ладна резерва.

Од 2019-та до 2021-ва година, МЕПСО исплатил 532 милиони денари на ТЕЦ Неготино, односно околу 8,7 милиони евра за да обезбеди струја во системот при криза. Но, кога избива енергетската криза и прогласена е во ноември во 2021 година, ТЕЦ не почнува да произведува електрична енергија, туку е раскинат договорот за ладна резерва со што парите не се искористени. Така е прекршен законот за обезбедување на струја во кризни ситуации.

Оваа промена не е усогласена со измените на Законот за енергетика, односно во членот 78 став 2 точка 27 кој се однесува на загрозување на сигурноста со Електрична енергија, хаварии или поголеми отстапувања на потрошувачката на енергија, законската обврска за АД МЕПСО Скопје по овој основ се уште е во важност, стои во извештајот на Државниот ревизорски завод за МЕПСО.

Надлежните се правдале дека не ја вклучиле термоцентралата затоа што тогаш не било исплатливо производството на струја и цените биле повисоки од берзанските на Хупекс. Потоа почнува државно производство на струја во ТЕЦ Неготино со мазутот купен од РКМ, кој во април не обезбедил редовна испорака на горивото.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Силјановска го доби официјалното уверение дека е 6-ти претседател на својот роденден

Дејан Дејан

Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.

Дејан Дејан

Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе