Вести Македонија Најважни

Болните од цистична фиброза повторно оставени на цедило – 10 дена никој не им одговара дали ќе пристигне „трикафта“, најавуваат протести

На нов протест по празниците ќе излезат пациентите со цистична фиброза оти нема набавка на лекот „трикафта“ и покрај тоа што пред еден месец беа изгласани неопходните законски измени кои беа пречка за тој да се донесе во земјава. Гаспар Фики, претседател на Асоцијацијата за цистична фиброза се пожали дека воопшто не биле поканети на состаноци во Министерството за здравство за решавање на проблемот на останатите пациенти откако лекот го добија дванаесетмина пациенти за кои беше оценето дека се во најкритична состојба.

„Знаеме дека имаат одредена комисија која ја формираат, но се формира со доста бавно темпо, незадоволително во однос на тоа што очекувавме. Воопшто не се дојдени во контакт со компанијата ниту пак се работи на таа програма за која зборувавме за обезбедување ‘трикафта’ за останатите пациенти на кои им е потребна. Ние пред десетина дена испративме официјален мејл до сите надлежни – Фондот, Министерството за здравство, и претставниците на Влада кои се во таа здравствена комисија, но сè уште и по десет дена немаме никаков одговор. Како што пред некое време најавивме, доколку работите се движат вака, по празниците ќе организираме поголем протест за да може да се појавиме, да покажеме дека работите не се движат и дека не сме задоволни. Нашето чувство и чувството на членството е дека овие 12 пациенти кои го добија лекот и покажуваат одлични резултати беа повеќе како ситуација само да се смири јавноста, да се смират медиумите за да може да се одложи процесот“, вели претседателот Фики.

Асоцијацијата за цистична фиброза не добила известување ниту за тоа дали се најдени пари за набавка на лекот за сите болни ниту пак дали Министерството за здравство веќе направило план со кое темпо  останатите болни ќе го добиваат лекот.

„Чувствуваме дека смртта на Благојче придонесе да се донесе лекот за 12 најкритични пациенти, но мотивацијата застана овде, за жал. Мислам дека се смири јавноста, се смирија медиумите, а ние кои го примаме лекот излеговме со добри резултати и мислам дека во јавноста се појави слика дека ние сме ја завршиле работата, но далеку сме од тоа иако поминаа законските измени на кои се инсистираше, кои наводно беа пречка. Еве месец дена по измените ние немаме никаков прогрес, а очекувавме и ни беше ветено дека за многу кусо време ќе почнат сите пациенти со план и програма да примаат ‘трикафта’“, се пожали Фики, кој веќе го прима лекот „трикафта“ набавен итно по смртта на Благојче Илиевски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе