Нова трагедија во битолската болница. Почина новороденче, по тешко породување со вакум. Од болнички извори, Телма дознава дека бебето било породено со многу низок апгар 2 и два часа по породувањето ја загубило битката за живот.
Претходно немало никакви компликации со плодот, ниту пак мајката имала какви било здравствени проблеми во текот на бременоста. Министерот за здравство Фатмир Меџити е во вонредна, претходно ненајавена посета на болницата. Официјални детали за случајот сè уште нема.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
