Вести Македонија Најважни

Пратениците да се повлечат од измените на 9 закони за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10 бараат невладините

Барање да се повлечат законите од дневен ред и најави за протест пред собранието се само дел од реакциите со кои стручната јавност се обидува да ги убеди пратениците од владеачкото мнозинство утре да не гласаат за измените на дури 9 закони предложени  под превезот на брза и ефикасна изградба  на автопатите од коридорите 8 и 10д што треба да ги гради конзорциумот Бехтел и Енка и тоа ставени на брза лента во Собранието.

Во законите потпишани од пратеници на ДУИ СДСМ и Алијанса скратената  постапка се оправдува со само една реченица – дека се работи за обемен и сложен закон.

Но, токму скратената постапка е мегу најспорните работи за невладиниот сектор.

Миша Поповиќ од Институот за демократија  кој е дел од платформата на граѓански организации за борба против корупција потенцира дека  на овој начин се оневозможува дебата и анализа на стручната јавност за да се спречат евентуални последици

Од платформата на граѓански организации за борба против корупција со писмо бараат од претседателот на Собранието и пратениците повлекување на точката од дневен ред.

Поповиќ вели дека уште со самото носење на специјалниот закон со кој без тендер беше избран овој конзорциум да ги гради автопатите регирале дека постојат ризици од корупција.

На листата на утрешната седница  треба да се менуваат законите за земјоделско земјиште, експропријација, заштита на културно наследство, урбанистичко планирање, минерални суровини, работни односи, за шумите и за градење но и самиот закон со кој без тендер му се овозоможи на американско-турскиот конзорциум да ги гради коридорите 8 и 10Д.

Со законските измени се предвидуваат ослободување на инвеститорот од одредени даноци. Да не се чека експропријацијата да стане правосилна туку доволно е одуката да стане конечна.

Во законот за работни односи мегу другото ќе се овозможува прекувремената работа да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно, за што вчера имаше реакција од ССМ дека владеачкото мнозинство сака робови и и роботи работници

Поради законските измени протест за утре најавија од Македонското археолошко држуштво според кои со законските измени за законот за заштита на културно наследство, се овозможува бескрупулозно легално уништување на културното наследство.

Според измените доколку за време на изградбата на автопатите се пронајде  археолошко наоѓалиште изведувачот на градежните работи, има обврска да го пријави откритието до надзорниот инженер, наместо како до сега до надлежната јавна установа за заштита или до Министерството за внатрешни работи.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе