Останато Спорт

Тренерот на КК Макпетрол Бошко Заборски е најтрофеен карате тренер и селектор

Интервју во кое разговараме со селекторот на Универзитетската карате репрезентација на Македонија д-р Бошко Заборски, со комплетна фактографија презентираме како еден сериозен спортски тренер и селектор, работел скоро 30 години и за тој период на кратко ќе ви ги објавиме постигнувањата кои овој селектор успеал да постигне со официјалниот и универзитетскиот карате тим на Македонија.

Објавувањето на резултатите и постигнувањата ќе биде повеќекратно корисна затоа што со системското статистичко обработување на сите резултати, спортската јавност ќе осознае првенствено, кои тренери и клубови најмногу придонеле за врвниот и правилен развој и афирмација на Македонскиот карате спорт за целиот овој временски период од осамостојувањето до денес. бидејќи резултатите ги постигнуваа истите спортисти.

Имено во прецизно изработен табеларен приказ, кој се однесува за сите универзитетски првенства, на кои што настапиле Македонските универзитетски репрезентативци, од осамостојувањето до денес, објавуваме дека вкупно се освоени 58 (педесет и осум) медали. од кои 13 (тринаесет) златни, 20 (дваесет), сребрени и 25 (дваесет и пет) бронзени медали.

Табела Бр 1.
РАНГ УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРВЕНСТВА ЗЛАТНИ СРЕБРЕНИ БРОНЗЕНИ ВКУПНО МЕДАЛИ

 

Табела Бр. 1 Освоени медали групирани во три групи на универзитетски првенства, односно по тежината и силината на натпреварите, први се Светските универзитетски првенства, Европските универзијади и на крај Европските универзитетски првенства. Во Табелата дадени се бројот на освоени медали збирно од сите натпревари и на крај е вкупниот број на освоени медали.

На сите овие универзитетски првенства, Вие бевте селектор и тренер на универзитетската репрезентација на Македонија, може ли да ни кажете од кога ја водите универзитетската карате репрезентација на Македонија?

„Јас ја водам Универзитетската Македонска карате репрезентација од 2004 год и до денеска со спортистите кои беа мои избраници заедно ги направивме и донесовме најголемите остварувања и успеси во машка и во женска конкуренција. Јас сум Универзитетски селектор и на двете дисциплини односно дисциплина борби и кати, но јас не сум тренер на дисциплината кати, и за неа се задолжени секогаш други тренери, јас го селектирав и организирав Ката тимот кој на Светското првенство на универзитетите во Вроцлав, Полска, успеа да го освои златниот медал, сите останати почести и признанија во делот на Кати, и освоените медали се само на тренерите во дисциплината Кати“, вели Заборски

 

Кога ќе се навратиме наназад во временскиот период, пред точно дваесет години некако истовремено започна подемот, резултатите и будењето за Македонското карате кое беше разнишано и сонливо, впрочем започнаа да се надополнуваат резултатите кои ги постигавме и на официјалните и на универзитетските првенства. Бидејќи репрезентацијата скоро секогаш беше истата, затоа што сите тие во најголем број се и студенти. Сакам да споменам дека до моето преземање на селекторската функција Македонија немаше освоено сениорски медали од официјални европски и светски првенства. Се зафативме за работа, имав голем предизвик и со програмата за работа која ја воведов, почнавме плански со систематска континуирана и макотрпна работа. По неполни две години ги освоивме првите сениорски медали од официјални европски првенства. Најнапред освоивме медали на Светските универзитетски првенства да веднаш потоа истите спортисти започнаа да освојуваат медали и на официјалните репрезентативни настапи на европските и светските првенства. Што се однесува до Универзитетскиот карате спорт, многу години WKF Светската карате федерација, во ранг листата на бодирање на официјалната светска бодовна листа, со ист број на бодови ги наградуваше освоените медали од Светско официјално првенство и од Светско универзитетско првенство, така да нашите спортисти стекнуваа искуство и самодоверба со овие настапи и репрезентацијата стана препознатлива и успешна“.

 

Вие како тренер имате најголем број на освоени медали од официјални европски и светски натпревари или вкупно 22 (дваесет и две) медали, сега и со објавувањето на оваа ранг табела која за прв пат излегува во јавноста, Вие повторно сте на првата позиција но овој пат со многу поголеми остварувања и успеси.
Како тренер со своите клупски спортисти сте успеале да освоите вкупно 62 (шеесет и две) медали ако се додадат и оние 22 од официјалните европски и светски првенства, тогаш бројката на остварени спортски успеси и освоени медали е стварно импозантна, таа изнесува вкупно 84 (осумдесет и четири ), освоени медали, Дали можете да ни кажете нешто повеќе за оваа меѓусебна поврзаност и корелација на освоените медали, од сите натпревари на кои учествувате. За да не дојде до забуна, сега бројот на освоени медали е повисок, бидејќи екипите биле составени од спортисти членови на К. К. Макпетрол.

„Бројката на сите освоени медали од овој вид на натпревари е таа, меѓутоа по тежината сепак би ги издвоиле, Светските универзитетски медали кои се најблиско до официјалните постигнувања, ако ги додадеме и собереме сите заедно односно освоени 17 медали од Светски универзитетски првенства и 22 медали од официјалните првенства тогаш бројката е точно 39 медали, кои се рангираат како врвни спортски успеси“.

Табела Бр 2 Тренери со најголем број на освоени медали од сите Светски и Европски Универзитетски првенства за сите години

„Поради просторот кој го имаме за ова интервју, овој пат ќе се задржам само на два вида натпревари, тоа се Официјали светски и европски првенства и оние за кои сега пишуваме тоа се универзитетските светски првенства и европски летни универзијади и европски универзитетски првенства.. Тоа што е најважно за Македонските каратисти е следното:
,,Медалите од Светските универзитетски првенства исто како што ги бодуваше и рангираше и светската карате федерација, и по нашиот закон за спорт, за секој освоен медал од светско универзитетско првенство, спортистот од АМС (Агенција за млади и спорт), добива титула од највисока вредност а тоа е ,,спортист од светска категорија на Р. Македонија”, со добивањето на титулата се добива и четиригодишна стипендија со висина од
50 000, 00 евра за спортистот кој освоил медал”
,,Овој податок го кажувам од следната причина, ако КФРСМ (Карате федерацијата на Р. С. Македонија), во досегашната историја од скоро 60 години, има 14 спортисти со титула од светска категорија, рангирани како такви од АМС (Агенцијата за млади и спорт), јас можам да кажам дека и Универзитетската федерација на Македонија има скоро иста бројка спортисти поточно 13 стипендисти кои државата им даде признание на спортисти од светска категорија и ги награди.. Со овој податок јас како селектор, Универзитетската федерација на Македонија и нашиот главен спонзор првенствено компанијата Макпетрол за цело време а на почетокот и компанијата Макстил, создадовме услови овие спортисти да останат временски подолго да се натпреваруваат и да освојуваат медали, со самото тоа и КФРСМ стана една од најуспешните спортски федерации а каратето стана спорт број 1 (еден) во Државата” .

Прашање: Вие како тренер и селектор, сте работеле и сте постигнале Врвни спортски резултати со сите Македонски каратисти, кои се носители на титула од меѓународна и светска категорија на Македонија. По број на освоени медали исто како и во Универзитетскиот спорт, Вие од официјалните светски и европски првенства имате најголем број на освоени медали, бројот на медалите и кој тренер колку медали освоил, ставени се во следната табела Бр 3.

 

Табела Бр. 3 Тренери со најмногу освоени медали од официјални Светски и Европски првенства, Светски Европски и Медитерански игри

„Тоа е точно, јас работев со сите Македонски врвни спортисти, голем број од спортистите дури 16 (шеснаесет), со титула светска категорија и 10 (десет), спортисти од Меѓународна категорија и тоа скоро сите се членови на мојот матичен клуб Макпетрол, некои од спортистите земале и по две и три медали и стипендии. Ако ги наброиме тоа се следниве спортисти со европски и светски медали: Петар Заборски, Илиевска Наташа, Симона Заборска, Сара Радичевска, Петар Спасеновски, Жарко Арсовски, Моника Пендаровска, Адурахим Идризи, Спасе Илиевски, Роберто Ацковски, Ангела Мојсовска, Глигор и Давид Петков, Симон Антиќ, Стефан Стојановиќ, Витомир Трајковски, и други, како селектор сум учествувал во освојување на медали со Иво Цветковски, Ардита Исени, Огнен Груевски, Сашко Арсовски овие спортисти освоија медали од европски и светски натпревари, додека пак со Берат Јакупи, Емил Павлов, Мартин Несторовски имаме освоено медали и стипендии од универзитетските првенства.
Просторот е премал да со еден објавен текст ги објавиме и другите резултати и признанија а тоа се медали кои се освоени од повеќегодишно учество на Златната карате лига, подоцна Светската премиер лига, турнирите од серии А, настапи на светските купови, на медитерански, балкански и интернационални силни натпревари. Дури потоа се резултатите од учествата од Државните првенства, меѓутоа тие остварувања ќе ги презентираме во следното продолжение за да се добие комплетна слика на сите постигнувања. Секоја освоена медала има своја тежина и сјај без разлика на кои натпревари е остварена“, заврши Заборски.

  ОСВОЈУВАЧИ НА ЕВРОПСКИ И СВЕТСКИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ МЕДАЛИ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ДО ДЕНЕС 2023 ГОД
Бр. Натпреварувач Пласман Година Место – држава Првенство Клуб Тренер
1. Жарко Арсовски 3 место

-80 кг

Бронзен Медал

07-12

Јули

2004

Београд – Србија Светско универзитетско првенство – 34 држави Партизан-Штип Миланчо Черкезов
2. Ардита Исени 3 место

Опен – Апсолутна катег.

Бронзен медал

07-12.

јули 2004

Београд – Србија Светско универзитетско првенство – 34 држави Теута – Куманово Невзали Пајазити
3. Тамара Рибарска

Симона Тасевска

Ива Димитрова

2 место Кати екипно

Сребрен медал

07-12.

јули 2004

Београд – Србија Светско универзитетско првенство – 34 држави Металург

Јошитака

Мак вадо центар

Мирче Јанушевски

Живко Тасевски

Атанас Филиповски

4. Томе Тодоровски 2 место

-65 кг

Сребрен медал

06-08 Јули 2007 Подгорица, Црна Гора

Сала Морача

3-то европско универзитетско првенство Макпетрол

Скопје

Бошко Заборски
5. Тамара Рибарска 3 место

Кати поединечно

Бронзен медал

06-08 Јули 2007 Подгорица, Црна Гора

Сала Морача

3-то европско универзитетско првенство Металург

Скопје

Мирче Јанушевски
6. Тамара Рибарска Симона Тасевска Сања Николич 2 место

Кати екипно

Сребрен медал

06-08 Јули 2007 Подгорица, Црна Гора

Сала Морача

3-то европско универзитетско првенство Металург

Јошитака

Металург

Мирче Јанушевски

Живко Тасевски

Мирче Јанушевски

7. Сашко Патраклиев 3 место

-70 кг

Бронзен медал

11-13

Јули

2008

Вроцлав, Полска 6-то Светско универзитетско првенство-39 држави Макпетрол Бошко Заборски
8. Тамара Рибарска, Сања Николиќ

Марија Гудеска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе