Вести Македонија

Има решение за бојкотот во МЖ Транспорт, тврдат од кабинетот на директорот Демири и одговараат на прозивките за неговата компетентност

Директорот на Железници Транспорт е горд на минатото. Најблиските соработници на Зулхајрат Демири вака ја коментираат фамозната фотографија на директорот, која за јавноста и политичките опоненти е доказ за некомпетентноста за позицијата.

Телма се обиде да добие став од него, но изјава даде Бајрами од неговиот кабинет.

„Генералниот директор има завршено додипломски студии на Филозофскиот факултет на државниот универзитет во Тетово и пост-дипломски студии односно магистратура по педагогија. Генералниот директор е горд за таа фотографија. Тој работел додека студирал. Тие фотографии се од времето кога бил студент. Тој не доаѓа од некое семејство каде што на пример татко му бил директор. Сам студирал и стигнал до ова место“ изјави Агим Бајрами, шеф на кабинет на Генералниот директор на МЖ Транспорт.

Демири по потекло е од село Градец од Врапчиште и веќе има искуство во друга државна институција. Бил директор на Службата за просторен информационен систем во Министерството за животна средина, а имал и раководна функција во Општина Врапчиште.

Ниту десетина дена не се поминати откако седна во директорското столче во Железници Транспорт, но веќе се запозна со тежината на работата откако голем број индустриски компании трпат загуби поради прекинот во железничкиот сообраќај заради бојкотот на работниците.

„За загубата ние немаме точна цифра туку само средби и притисоци од фирмите наши коминтенти. Тие имаат загуби, но поважно е да го решиме проблемот со платите бидејќи знаеме дека овие месеци се месеци за празници и нехумано е. Ако не зборуваме за плати, тогаш за што треба да зборуваме?! Па потоа ќе анализираме и ќе видиме колкави штети се направени од овој бојкот“ вели Бајрами од МЖ Транспорт.

Од Железници-Транспорт тврдат дека се обезбедени 50 милиони денари за плати, а во блиска иднина ќе се разговара и за зголемување на бодот.

Со вакви решенија, ќе се смируваат страстите во оваа државна институција. Договор е постигнат со претставниците на Владата, а ова треба да помине и на владина седница.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе