Вести Свет

Почна судскиот процес против Хашим Тачи за 100 убиства и стотици притвори и злоставувања

Хашим Тачи се изјасни за невин на судењето за воени злосторства на Косово, заедно со тројцата други членови на Главниот штаб на ОВК, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, на судскиот процес што денес почна во Хаг по речиси тригодишна истрага и повеќе од 20 години од војната.

„Сега имате можност да ја потврдите вашата изјава. Дали ја потврдувате вашата првична изјава дека сте невин? – ДА,“ прашан од судијата кусо одговори обвинетиот Тачи

Тачи, кој беше водач на герилските борци, се соочува со 10 обвиненија за апсење, убивање и мачење на оние кои се сметале за непријатели на ОВК, вклучително и Албанци, Срби и Роми, додека се обидувале да ја преземат власта за време на ослободителната војна во 1998-99 година.

Обвиненијата вклучуваат злосторства против човештвото, воени злосторства, вклучувајќи убиства, тортура, принудни исчезнувања, прогон и сурово постапување.

Обвинителите велат дека Тачи, кој го носеше прекарот „Змија“ за време на војната, е заеднички одговорен за повеќе од 100 убиства од страна на ОВКК, кои се движат од егзекуции до смрт на малтретирани затвореници.

„Обвинението  го товари, а ние имаме намера да докажеме стотици притвори низ Косово, обично под страшни услови и злоставувања и над 100 убиства. Повеќето од жртвите на обвинетите беа сограѓании косовски Албанци. Во нивната посветеност да ги таргетираат и елиминираат нивните противници, обвинетите поддржуваа и спроведуваа политика што често ги виктимизираше и сопствените поддржувачи“, кажа во дел од излагањето обвинителот Ваитнинг.

Протестите кои поддржувачите на командантот на ОВК ги оддржа синоќа во Приштина денеска се прелеаа и пред судот во ХАГ додека се одржуваше првото, воведно рочиште на кое Тачи ги слушна обвиненијата против него. Судечкиот совет, со кој претседава американскиот судија Чарлс Смит, одреди рок за тужителите до април во 2025 година, да испитаат над 300 сведоци против Тачи и останатите обвинети.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе