Вести Македонија Најважни

Апелација ја укина пресудата за организаторите за 27 април кои добија затворски казни – случајот се враќа на почеток во Кривичен

Кривичниот суд сторил суштествени повреди, но недоволно образложил зошто ги одбил за амнестија обвинетите организатори за собраниските инциденти од 27 април. Ова се главните причини поради кои Скопска апелација ја укинала пресудата со која поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски доби шест и пол години затвор, екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски по 6 години и три месеци затвор, а поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски доби 6 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Апелација пркеу соопштение објаснува дека Кривичен ги занемарил приговори на одбраната во однос на примената на Законот за амнестија кој пропишува под кои услови се ослободуваат од кривично гонење инволвираните во настаните од 27 април 2017 година.

„Првостепениот суд сторил и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 3 од Законот за кривична постапка, односно го повредил правото на одбрана на обвинетите која влијаела врз законитото и правилното донесување на пресудата и врз правото на обвинетите на правично судење, бидејќи не го расправил во доволна мера прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење“, информираат од Апелацискиот суд. 

Апелација смета и дека во првостепената постапка не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани криивчното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

„При утврдување на фактичката состојба не утврдил со сигурност во што се состојат дејствијата на секој од обвинетите преземени во насока на остварување на битието на кривичното дело за кое се обвинети, ако се има предвид дејствието на извршување на предметното кривично дело, за кое правната теорија и судската пракса се едногласни дека покрај умислата во субјективното битие како субјективен елемент на противправноста влегува и намерата за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на РМ“, се додава во соопштението на Апелација. 

Пресудата беше изречена во јули 2021 година по што одбраната се жалеше пред апелација Кривичен пресуди дека се потврдило обвинението, според кое, обвинетите на почетокот на 2017 година, по неуспешните преговори за формирање Влада, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на државата, подготвиле и реализирале план да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство.

По ваквата одлука на Апелација, случајот се враќа на почеток во Кривичниот суд.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи кој сака

Sasko Dimovski

Рокас повика на постигнување на консензус за носење на клучните закони

Sasko Dimovski

Штипската болница привремено нема да прима пациенти со скршеници – невремето оштети дел од покривот на Ортопедија и операционалата сала

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе