Канадската пливачка Самер Мекинтош, која има само 16 години по втор пат постави нов светски рекорд во рок од само пет дена.
Мекинтош синоќа постави нов светски рекорд во дисциплината 400 метри мешано и тоа за време на националните квалификации во Торонто за пласман на Светското првенство. Тинејџерката оствари време од четири минути, 25 секунди и 87 стотинки и за 49 стотинки го собори постигнувањето на Катинка Хосу од Унгарија, која го постави на Олимписките игри во Рио 2016 година.
Младата 16-годишна пливачка во вторникот го сруши и светскиот рекорд на 400 метри слободен стил. Мекинтош воедно стана и првата во историјата во машка и женска конкуренција, која во исто време ги држи рекордите на 400 метри мешано и слободен стил.
