Вести Македонија Најважни

Замрзнување на цените на хигиенските производи, зеленчукот и овошјето се уште е во најава

Владата денеска на седница треба да донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во тек на неделава да одлучува и за цените на дел од овошјето и зеленчукот. Од Владата оценуваат дека нејзините одлуки за цените генерално се почитуваат и најавуваат дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно.

-Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре, најави вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија ги доби анализите за овошјето и зеленчукот од Министерството за земјоделство и веќе се утврдува кои од нив ќе бидат со намалена цена. Според Бектеши, најверојатно во текот на неделава ќе бидат замрзнати цените на повеќе од пет-шест производи. За таа цел се чекаат и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да се види колку е разликата во делот на маржите.

Претходно со одлука на Владата беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и на јајцата и оризот, чии цени останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека на 33 денари е замрзната цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама.

Премиерот најави дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно.

Португалија го укинува ДДВ-то за 44 прехранбени продукти на шест месеци за да ја спречи инфлацијата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со исправа со невистинита содржина, станала директорка на детска градинка – кривична пријава против 44-годишна велешанка

Дејан Дејан

Зголемувањето на цената на полисите за автомобилско осигурување е неоправдано – реакција на АСО

Дејан Дејан

Мицотакис: Ниту С-300, ниту Патроит за Украина, тие системи ни требаат на нас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе