Вести Македонија Најважни

Обвинителството отвора предмет за надзорот на коридорите 8 и 10Д

По четири недели „читање“ новинарски истражувања, Обвинителството се охрабри и отвори предмет за надзорот врз Коридорите 8 и 10Д. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека отвори предмет по допрен глас по новинарските истражувања за огромни пропусти и контроверзи во тендерот вреден 22 милиони евра за надзор и консултации при изградба на Коридорите 8 и 10Д.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите,  со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој  презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, соопштија од ЈО.

Меѓу контроверзните детали од милионскиот тендер доделен на конзорциумот на италијанската „ИРД Инжинеринг“ е учеството на фирмата „Еуро консалтинг“ на Бранислав Димитријевиќ против кого во Ерменија е покренато обвинение за финансиски злоупотреби на градежен надзор за што сега е избрана неговата скопска фирма. Димитријевиќ избега од Ерменија со авион заедно со  македонски дипломати пред четири години, по што замина во Хрватска која нема да го испорача поради хрватско државјанство.

Во конзорциумот е и „Ептиса“ која неколку месеци имала владина забрана за учество на градежни надзори на патишта и проекти поради незаконски и неетички дејства при своето функционирање.

Третата спорна фирма е „Електра солушн“ која пред да го добие тендерот била фирма за шиење и кроење на долна облека, гаќи и маици. Спорни се и лиценците на експертите за надзор кои доаѓаат од држави во соседството, но и нивните огромни хонорари предвидени за учество во проектот.

Конзорциумот за надзор всушност има главна улога да го заштити јавниот интерес и да спречи злоупотреби и неефикасно трошење на средства врз главниот изведувач „Бехтел и Енка“ кои со Јавното претрпијатие за државни патишта во владата склучија договор дека ќе изградат 108 километри автопат на двата коридори за 1,3 милијарди евра.

Првите истражувања за контроверзните детали на зделката за надзор беа објавени на почетокот на март, а откако премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби се расправаа со новинарите околу нивните откритија, Обвинителството кое го води Ислам Абази почека 4 недели, но на крајот отвори предмет и истрага.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блупринт групата бара темелна истрага за загадувањето на водата

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски: Од опозицијата зависи дали ќе има нови обиди за носење на Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Рокас: Владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе