Ракомет Спорт

Моралес дефинитивно се сели во Загреб

Најтрофејниот клуб во историјата на хрватскиот ракомет, Загреб денеска и официјално потврди дека од следната сезона во своите редови ќе го има сегашниот играч на Вардар, Јоел Моралес.

Кубанскиот интернационалец со Загреб потпиша договор на две години откако пред две сезони ги засили “црвено-црните”, а претходно настапуваше за Артистика де Аванча, Мадеира, Порто, Иври и Данкерк.

Веста за трансферот Загреб ја потврди и на социјалните мрежи и Миралез е третиот играч на Вардар кој во последниве две години се сели во хрватската престолнина откако претходно си заминаа Иван Чупиќ и Тимур Дибиров.

Вардар вчера по триумфот над Еурофарм Пелистер успеа да триумфира со 31:24 и е на најдобар пат да ја одбрани шампионската титула за евентуален настап во елитното натпреварување ќе мора да најде соодветна замена на десната бековска позиција.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе