Вести Свет Топ вести

(Видео) Две лица се повредени во пад на дрон на 150 километри од Москва за кој се верува дека е украински

Две лица се повредени во експлозија во градот Киреевск, во руската област Тула која е оддалечена 150 километри од Москва, што е предизвикана од дрон за кој се верува дека е украински.

Регионалниот комитет за безбедност наведе дека три станбени објекти се делумно оштетени, пренесува РИА Новости.

Леталото, според првичните неофицијални информации, било без ознаки. Станува збор за дрон камиказа од типот Ту-141 „Стриж“ кој бил наполнет со експлозив. Ова е трет сличен инцидент во последниот месец во Русија.

Пред 20 дена, во сличен инцидент, дрон падна на градската депонија во Химки, на 100 километри од Москва. На 19 март, пак, падна дрон и во Тула, под називот „Реис“, кој исто така беше наполнет со експлозив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе