Останато Спорт

Перфектен викенд за шампионот Бањаја во Мото ГП

Франческо Бањаја со победа ја почна одбраната на титулата во Мото ГП шампионатот откако денеска беше најбрз на трката за Големата награда на Португалија.

Мотоциклистот на Дукати го комплетираше перфектниот викенд, бидејќи вчера триумфираше на спринт трката, а денеска и на официјалната трка. Зад Италијанецот финишираше Маверик Вињалес од Априлија, а подиумот го комплетираше Марко Бецеки.
Меѓу најдобрите 10 финишираа и Јоан Зарко, Алекс Маркез, Бред Бајндер, Џек Милер, Фабио Квартараро, Алеиш Еспаргаро и Алекс Ринс.

Освојувачот на пол-позицијата, Марк Маркез се судри во Мигел Оливеира во третиот круг и двајцата завршија надвор од трката.

Во генералниот поредок очекувано Бањаја има максимални 37 бодови, пред Вињалес со 25, додека Бецеки има 16 бодови.

Втората сезонска трка се вози за Големата награда на Аргентина на 2.април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе