Ракомет Спорт

Атомски ракомет и инциденти: Вардар го демолираше Е. Пелистер во првото дерби за титулата

Вардар славеше со 31-24 против Еурофарм Пелистер во вечното македонско дерби во рамки на 5.коло од ракометниот плеј оф. „Црвено-црните“ одиграа фантастичен меч, кој го одбележа и еден поголем инцидент помеѓу навивачките групи во првото полувреме.

Страстите секогаш се високи кога меѓусебе играат Вардар и Пелистер, па така беше и овој пат во „Јане Сандански“. Дербито почна со изедначен ракомет, а првиот инцидент беше кога голманот на битолчани Урбан Лесјак беше удрен со паричка фрлена од трибините. Кон средината на првото полувреме во салата влегоа навивачите на Еурофарм Пелистер, по што атмосферата дополнително се вжешти. Битолските фанови почнаа да фрлаат факели кон навивачите на Вардар на една од трибините, а тоа ги налути домашните фанови. Дел од најжестоките навивачи влетаа на теренот во обид да стигнат до противничкиот табор. Се фрлаа предмети, па реагираше и полицијата. Прекинот траеше речиси половина час, па натпреварот продолжи од 17-тата минута, кога резултатот беше 6-6.

Вардар имаше фуриозен финиш на првиот дел, кога ја направи првата поголема предност и на паузата замина со 13-10. Домашниот тим продолжи да игра добро на стартот на вториот дел и со серија од 5-1 дојде до убедливи 18-11. Ракометарите од Битола направија многу грешки во нападот, што Вардар знаеше да ги казни со брзи голови. Актуелниот шампион ја одржуваше предност од 5 до седум голови разлика до самиот крај за конечни 31-24.

Голманот на Вардар, Мартин Томовски имаше 12 интервенции, а во нападот најдобри беа Дејан Манасков и Филип Талески со по седум голови. Кај Пелистер, Жарко Пешевски реализираше пет погодоци.

Ова е голема победа на Вардар, кој останува со максимални 18 бодови во плејофот и направи голем исчекор кон одбрана на титулата во првенството. Реваншот е во Битола на 7 мај, кога веројатно ќе се решава титулата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе