Спорт Фудбал

Холандија без пет фудбалери против Франција

Холандската фудбалска федерација соопшти дека селекторот Роналд Куман за првиот дуел од квалификациите за Европското првенство против Франција нема да може да смета на дури пет фудбалери.

Коди Гакпо, Матајс де Лихт, Свен Ботман и Барт Фербруген имаат проблем со вирусна инфекција нема да бидат подготвени за утрешното соочување со светскиот вицешампион, а Џои Ферман беше дополнително повикан во националниот тим да го замени повредениот Френки де Јонг.

Покрај Ферман, Куман беше принуден да ги повика Рајан Гравенберг, Кјел Шерпен и Стефан де Фрај кои треба да ги пополнат празнините во составот по отсуството на четворката која не може да настапи на следните две средби.

Холандија утре ќе се соочи со Франција, а в понеделник ја очекува и меч против селекцијата на Гибралтар.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе