Магазин

Флекс Кредит со признание најголем корпоративен донатор за СОС Детско село во 2022 година

На манифестација каде организатори беа СОС Детско Село и под мотото “Едно семејство” и слоганот “Лесно е да чиниш добро, кога многумина помагаат”, тие ги собраа сите пријатели, поддржувачи, компании и индивидуалци кои изминатата година беа најголеми поддржувачи на работата и пред се мисијата на нивната организација.

Како покровител на настанот се појави и Првата дама на Р.Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска а компанијата Флекс Кредит се стекна со признанието за НАЈГОЛЕМ КОРПОРАТИВЕН ДОНАТОР за 2022 година.

Општествената одговорност секогаш е една од приоритетните мисии на Флекс Кредит со стремеж нивниот пример да го следат и другите компании и поединци. Флекс Кредит, минатата година ги донираше парите кои беа наменети за роденденска прослава на компанијата, организираше Јуниор пикник ден, каде децата на вработените од компанијата се дружеа со дечињата од СОС детско село, учествуваше како спонзор на хуманитарниот новагодишен концерт и подели пакетчиња на сите дечиња штитеници на оваа оргазнизација. Од компанијата Флекс Кредит велат дека овие настани треба да бидат поттик и за останатите компании да се приклучат кон ваквите иницијативи, бидејќи само на тој начин може да се создаде општество кое ќе функционира како едно семејство.

Убавите приказни продолжуваат и понатаму, преку новата платформа за спонзорства и донации, преку која се планирани се уште повеќе донации и заеднички дружби.

-Големо е задоволството да се помага онаму каде што е најпотребно. Признанијата кои се доделени од искрените детски насмевки се најдраги. Затоа што секоја насмевка е важна!, наведуваат од Флекс Кредит.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оброк на денот со Антонио Велковски

Дејан Дејан

Придобивки од планинарењето во трето доба

Дејан Дејан

(Видео) Утринско будење со ветеринарот Воислав Димитровски – какви се утринските ритуали на крзнените животни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе