Ракомет Спорт

Пет репрезентации обезбедија пласман на ЕП во ракомет

По одигрувањето на натпреварите од третото и четвртото коло во квалификациите за пласман на Европското првенство во ракомет во машка конкуренција, познати се пет селекции кои веќе може да се подготвуваат за настап на континенталниот шампионат што ќе се одржи следната година во Германија.

По победата над Македонија, Португалија е сигурен учесник на првенството. Со максимален учинок по четири кола, Португалците имаат најдобар старт во историјата на националниот тим, а со оглед на фактот дека во продолжението на квалификациите противници се Луксембург и Турција може лесно да се случи до крајот да останат со сто процентен ефект.

Идентичен скор има и селекцијата на Австрија, која е лидер во групата 4, а место на Европското првенство обезбеди и репрезентацијата на Португалија која во последната рунда славеше над Швајцарија со 36:27.

По двете победи над Црна Гора место на првенството на две кола пред крајот обезбеди и Словенија, а меѓу веќе квалификуваните е и Франција која по 16-ти пат во низа ќе биде дел од Европските шампионати.

Настап во Германија покрај домаќинот според пласманот на последното првенство обезбедија и селекциите на Данска, Шведска и Шпанија.

Македонија ново учество на шампионатот може да обезбеди со победи над Луксембург на гости и Турција на домашен терен, а мечевите ќе се играат во периодот од 26 до 30 април.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе