Ракомет Спорт

Јовиќ: Со борбеност и подобар ангажман до победа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре во Битола го пречекуваат Нексе во последниот натпревар од фазата по групи во СЕХА лигата.

На Битолчани им е потребна победа за да го коригираат пласманот на табелата и да обезбедат подобра стартна позиција пред почетокот на разигрувањето за пласман на завршниот турнир.

На клупата на Еурофарм Пелистер ќе дебитира новиот шеф на стручниот штаб Александар Јовиќ.

“Нè чека тежок натпревар со една одлична екипа, која преферира динамична игра. Од овој натпревар на секој натпревар ќе играме на победа. Она што го видовме во овој краток период ни дава до знаење дека имаме добри индивидуалци, кои треба да ги вклопиме во добар тим. За тоа треба и малку време. Од играчите бараме лавовска борбеност и да го спроведат тоа што го тренираме овие пет дена. Битола е најракометен град и мислам дека во вторник ќе се покажеме во поинакво светло, со многу борбеност со подобар ангажман и од страна на играчите, и од страна на клупата”, изјави новиот тренер.

Дуелот се игра во вторник, а почетокот е закажан за 18 часот.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе