Македонската машка ракометна репрезентација вечерва од 18 часот и 30 минути ќе го одигра вториот дуел против Португалија во овој циклус на квалификации за Европското првенство.
Селекторот Кирил Лазаров за Матосињош отпатува со 18 ракометари, а во пресрет на дуелот се реши да направи две измени во составот во однос на претходното соочување во Скопје.
Шанса добија Михајло Младеновиќ и Михаил Аларов кои ќе ги заземат местата на Светан Кузманоски о Марко Мишевски.
Нашиот состав утрово одржа полесен тренинг, а вечерва ќе се обиде да направи изненадување и со евентуална победа да се потврди уште еден пласман на континенталните шампионати.
ФОТО: Игор Паневски