Ракомет Спорт

Кузмановски: Да ги поправиме грешките и да се обидеме да победиме

Ракометарите денеска отпатуваа за Португалија каде утре ќе го одиграа вториот дуел од овој циклус на квалификации за пласман на Европското првенство.

По поразот во Скопје, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се обидат во реваншот да направат сензација и да се вратат со триумф над противникот кој во четвртокот славеа со 29:23.

“Треба добро да го анализираме првиот дуел и да се поправиме на реваншот. Со играч повеќе мораме да имаме подобра реализација. Имавме два дена за добра анализа и ќе се бориме во Португалија, зошто да не дојдеме до победа. Дадовме максимум за Македонија и секогаш ќе биде така”, изјави Филип Кузмановски.

Мечот против Португалија се игра утре во Матошињош, а почетокот е закажан за 18 часот и 30 минути,

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе