Останато Спорт

Двојна круна за Ингебритсен на ЕП во Истанбул

На последниот ден од Европското првенство во атлетика во сала што се одржа во Истанбул поделени се медали во 13 дисциплини.

Прва ѕвезда на шампионатот е Норвежанецот, Јакоб Ингебритсен кој по триумфот на 1500 метри освои злато и на двојно подолгата патека и го повтори успехот од пред две години во Торино. Втор низ целта мина Адел Мечал од Шпанија додека трет е Србинот, Елзан Бабиќ.

На 800 метри славеше Шпанецот, Адријан Бен, кој беше побрз од Бенжаман Робер од Франција и Белгиецот, Елиот Крестан.

Гркот, Милитијадис Тентоглу ја потврди фаворитската улога во скок во дачечина. Тој славеше со 8 метри и 30 сантиметри пред Швеѓанецот, Тобијас Монтлер и Габриел Битан од Романија.

Во отсуство на Арман Дуплантис, златото во скок со стап го освои Сондре Гутормсен од Норвешка. Сребрениот трофеј му припадна на Емануил Каралис од Грција, а трет е Полјакот, Пјотр Лисел.

На 60 метри со пречки славеше Швајцарецот, Џејсон Џозеф, а во седмобој најдобар беше Кевин Мајер од Франција.

Кај дамите најнеизвесно беше во скок во далечина каде триумфираше Британката, Јазмин Соерс со прескокнати 7 метри што е најдобро постигнување во светот за оваа година. Втора е Лариса Јапичино од Италија, а дури трета главната фаворитка за златото Ивана Вулета.

Во скок во височина прво место за Јарослава Махучик од Украина, на 800 метри златен медал за Кили Хоџинсон од Велика Британија, а на 60 метри со пречки триумф на Рете Хурске од Финска.

Во штафетата 4 пати по 400 метри очекувано победа на Холандија пред Италија и Полска.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе