Машката репрезентација на Словенија го освои златниот медал на Светскиот шампионат во ски скокови во екипна конкуренција.
Четворката Ловро Кос, Жига Јелар, Тими Зајц и Анже Ланишек освои вкупно 1178,9 бода, а сите четири натпреварувачи имаа скокови преку 130 метри,.
За Словенците ова е трет медал на Светското првенство во нордиски дисциплини откако претходно беше освоена бронзата во мешана конкуренција и златото кое го освои Зајц во поединечниот настап на големата скокалница.
Среброто со 1166 бода им припадна Норвежаните додека со бронзениот трофеј се закити репрезентацијата на Австрија.
