Потпретседателот на ДУИ и пратеник во Собранието, Изет Меџити, на собир во Сарај со порака до Артан Груби, да не помисли дека со разрешување на некои функционери ќе ја ослабне фракцијата, дарувајќи ги нивните позиции на Алијанса, бидејќи тие се моќни и без функции.
Го повика него и, како што рече, другите Артанци да си поднесат оставки пред народот кој никогаш не ги гласал. Според Меџити, Груби со измама станал пратеник во 2016 година, кога мнозинството гласови дошле токму од Сарај. Обвини дека тој со измама влегол и во владата во 2020 година, без никаков глас од граѓаните и без одобрение на претседателството.
Меџити тврди дека Артан Груби, освен што ја ослабува ДУИ, секојдневно го ослабува и Али Ахмети опкружувајќи го со Мендух Тачи, Арбен Таравари и многу други. На ДУИ, рече Меџити, и требаат реформи, а реформите треба да почнат со оставка на Груби и неспособните министри.
