Вести Македонија Најважни

Сопруги, синови, снаи на политичари и судии ќе гонат и судат криминал

Сопругата основен обвинител, сопругот шефот на Обвинителството за организиран криминал. Ова наскоро ќе биде реалност откако Советот на јавни обвиниели ќе ја избере сопругата на Ислам Абази за обвинителка. Таа е на 51-та позиција на ранг листата што ја објави Академијата за судии и јавни обвинители од 58 завршени кандидати.

Законот единствено забранува брачните другари да не работат во исто обвинителство, но таа во овој случај секако не може да биде избрана во организиран криминал затоа што за таму се бара искуство од најмалку 4 години, објаснуваат од Советот за јавни обивнители за Телма.

Криминал ќе гони и Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието од чие досие антикорупциска започна да расплетува поголема афера. Тој положил правосуден испит пред да добие диплома со соодветен степен на образование, а сега го положи и завршниот испит и ќе може да биде избран за обвинител. До сега само антикорупциска најави дека ќе продолжи со расчистување на овој скандал со тоа што ќе ги проверуваат и досиејата и на сите судии и обвинители кои изминатите 15 години завршиле на академијата, дали го изоделе истот пат како мадиот Џафери.

Освен овие двајца и други звучни презимиња на делачи на правда содржи ранг листата на академијата. Јавноста реагира непотизам, правосудни кланови и политички врски сѐ подлабоко се вгнездуваат во првосудството.

Директорката на Академијата, Наташа Габер смирува, селекцијата ја вршат според знаењето на кандидатите а не по семејна или политичка припадност. Гарантира дека резултатите што ги постигнале се заслужени и рангирањето е реално врз основа на сите полагања и завршениот испит.

Дел од завршените академци ќе станат судии во Кривичниот суд. Претседателот Џолев не сака да коментира какви сомнежи во судските одлуки ќе има доколку ги носат нечии судии. Вели не е надлежен да ги анализира, но се надева дека ќе бидат стручни и квалитетни. Како што објави вчера Телма меѓу идните судии и обвинители се деца на три обвинителки и на четворица судии, меѓу кои и  синот на апелациониот судија, Енвер Беџети кој беше дел од советот што го укина предметот „Таргет Тврдина“, снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, како и сопругата градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе