Вести Македонија Најважни

Аптеките и матичните лекари соочени со проблеми, системот на ФЗО сѐ уште не функционира во целост

Далеку од целосно и беспрекорно функционирање на системот, реагираат дел од матичните лекари. Во телефонски разговор за Телма д-р. Ѓорѓиевски вели дека и денес системот не функционира во целост. Имаат проблем со пријавување на пациенти, дел од фактурите не доспеваат, некои не можат да бидат потпишани. За сите актуелни проблеми и дилемите фондот ќе одговори на утрешниот брифинг, се вели во дописот на Фондот за здравство. До крајот на неделева матичните лекари кои се соочуваат со проблеми во системот ќе имаат средба со директорите на Фондот за нивно надминување.

Граѓаните пак велат дека во одредени ситуации може да имаат трпение додека системот се врати во нормала, но и тоа трпение има свои граници.

Со свои забелешки и трите најрелевантните фармацевтски здруженија, Фармацевтската комора, Здружението на приватни аптеки и Комората за приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија. Дали ќе бидат признаени спорните рецепти за време на хакерскиот напад на Фондот за здравство, за кои немало можност да се провери „Мое осигурување“, доколку се има предвид дека лекот е издаден во интерес на здравјето на пациентот ? Велат дека имаат разбирање за состојбата во која се најде здравствениот систем и која можеше дополнително да ескалира доколку беше стопирано и издавањето на лекови.

Според Фондот за здравство за осигурениците за кои не е регистрирана уплата на придонес за здравствено осигурување во системот на Мој Термин после 05.02.2023 година, Фондот по службена должност ќе обезбеди доказ за платен придонес од системот на УЈП.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе